(ФОТО) Дали Меган и Хари засекогаш го напуштија кралското семејство поради оваа фотографија?

На почетокот на следната година ќе се одбележат три години откако принцот Хари и неговата сопруга Меган објавија дека се повлекоа од кралските должности. Во меѓувреме, парот даде скандалозно интервју со Опра Винфри, започна неколку проекти на Нетфликс и Спотифај и во неколку наврати го обвини кралското семејство дека се однесува лошо со нив откако се венчале.
Кралскиот биограф Ендрју Мортон, автор на најпознатата биографија на принцезата Дијана, тврди дека една кралска фотографија била последната капка за принцот Хари и Меган Маркл. Станува збор за фотографија на покојната кралица Елизабета и нејзините тројца директни наследници – Чарлс, Вилијам и Џорџ.

Обожавателите на кралското семејство ширум светот биле воодушевени од глетката на британскиот монарх со тројца идни кралеви бидејќи ваква ситуација се случила за прв пат во историјата.



Сликата што излезе на почетокот на 2020 година, наводно, ги убедила Хари и Меган дека кралското семејство подготвува заговор против нив. Хари и Меган на крајот на јануари истата година објавија дека се повлекуваат од кралските должности.

This image has an empty alt attribute; its file name is kralski-portret-1.jpg

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …