МИСТЕРИОЗНИОТ уличен уметник Бенкси се чини дека потврдил дека стои зад цртежот што неодамна се појави на уништена куќа во Украина.
Во петокот вечерта, Бенкси објави фотографии од цртеж на уништена куќа на Инстаграм и напиша: „Бородјанка, Украина“. Киевското предградие Бородјанка беше силно бомбардирано за време на војната во Украина.
View this post on Instagram
Делото прикажува девојка која навидум стои на раце на оштетениот сив ѕид од куќата која настрадана во војната. Објавувањето на делото на Инстаграм од страна на Бенкси обично се гледа како негова потврда дека делото е негово. Познатиот уличен уметник во минатото патувал во кризните области, вклучувајќи го и Западниот Брег. Идентитетот на Бенкси останува непознат.
Фото: Принтскрин/Instagram