(ФОТО) Кралското семејство на пригоден начин му го честита роденденот на Арчи – синот на принцот Хари и Меган Маркл

Пред една година во кралското семејство во Велика Британија имаше голема прослава по повод раѓањето на првото дете, синот Арчи, на Меган Маркл и принцот Хари.


Но, помина една година, семејството е разделено – Меган и Хари со Арчи се во Лос Ангелес, а останатите од кралското семејство останаа во Велика Британија и како и сите граѓани на земјата се борат со корона вирусот, затворени во своите домови.


Сепак, не го заборавија роденденот на малечкиот Арчи, и му го честитаа на официјалната страна на кралското семејство на Инстаграм.
„Му посакуваме многу среќен прв роденден на Арчи“, кусо напиша кралското семејство на официјалната страна.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Парови“ вечерва во Драмски

Вечерва, со почеок во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје, премиерно ќе биде изведена …