(ФОТО) КОРОНА ВИРУС: Што е новата „маска убиец“ и како функционира – Цената симболична и само 1 евро – за цела Европа!

Британскиот хемичар и директор на организацијата Pharm2Farm, д-р Герет Кејв, развил маска која, како што тврди – ја „фаќа“ и ја неутрализира короната.
Д-р Герет Кејв е професор на Универзитетот во Нотингем Трент и е директор на Pharm2Farm.


Тој предавал на универзитетот кога пандемијата го парализирала целиот свет. Д-р Кејв тогаш забележал дека луѓето не се сигурни колку се ефикасни обичните хируршки маски како заштита од коронавирус, и тој одлучи да започне проект во кој тој и неговиот тим ќе направат маска што „го убива“ коронавирусот.



„Направивме маска што не само што го запира вирусот како обичните, туку всушност ќе го убие вирусот и ќе продолжи да го уништува во период од седум часа“, рекол д-р Кејв.
Неговиот пронајдок е направен така што секој може да си го дозволи тоа, а очекуваната цена во Европа е едно евро. Овие се маски за еднократна употреба и може да се носат седум часа.


Pharm2Farm се наоѓа во Велика Британија и е позната по тоа што работи со нанотехнологии, а пред пандемијата тие веќе развија нанотехнологија што содржи бакар.


Кога се појави короната, тие одлучија да ја користат својата нанотехнологија со бакар и да ја комбинираат со маски за еднократна употреба.


„Сакав да направам нешто што навистина го деактивира вирусот, а потоа ми дојде идејата дека можеме да го ставиме овој бакар, наночестичка, антивирусен материјал на маска за лице“, рекол д-р Кејв.
Тој и неговиот тим ја тестирале нанотехнологија седум часа за да се уверат во повеќечасовната ефикасност на маската, која инаку има пет слоја.
„Овие маски го убиваат вирусот, не го фаќаат само, туку го убиваат во период од седум часа“, рекол тој.

Фото: Тwitter.com/Принтскрин/itv.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …