(ФОТО) КОЈ НЕМА ДА ПРИМИ ВАКЦИНА НЕ МОЖЕ ДА РАБОТИ: Нова контроверзна одлука на лидерите за вакцинирањето!

Министерот за здравство на Израел, Јули Еделштајн, потврдил дека земјата планира да им забрани на оние што не примиле вакцина против вирусот корона да работат на одредени работни места, додавајќи дека секој што ќе го фалсификува сертификатот за вакцинација, ќе заврши во затвор.
„Ќе има работни места каде што работниците ќе мора да се вакцинираат или тестираат за ковид 19 на секои 48 часа за да можат да работат“, рекол израелскиот министер за здравство.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Głos Orientu (@glos_orientu)


Еделштајн не прецизирал од кои работни места ќе бидат исклучени невакцинирани работници, но тој ги повикал сите да ја примат вакцината за да помогнат животот да се врати во приближната нормалност.
„Вакцинираните и оние што се заразиле со вирусот ќе можат да одат во спортски сали, хотели, синагоги и концерти од недела“, рекол израелскиот министер додека зборувајќи за израелскиот систем на „зелени пропусници“ што стапуваат на сила на 21-ви февруари.
Пропусници ќе добијат оние кои ја примиле вакцината или кои се опоравиле од ковид 19.


Еделштајн рекол дека израелските власти веќе заплениле голем број лажни документи за вакцинација и предупредил дека секој кај кого ќе се најде фалсификуван сертификат за вакцина, ќе заврши зад решетки.
Израел е водечка земја во светот според бројот на вакцинирани, веќе се искористени скоро седум милиони дози вакцини.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …