(ФОТО) Кога се сака се може: Елена Велевска прослави 10. години брак

И покрај тоа што Велевска нема никаде да настапува, телевизиската публика ќе може да ја гледа во новогодишното шоу…
Фолк-пејачката Елена Велевска после 23. години настапување за Нова година, овој пат реши 2018. да ја прослави во кругот на семејството. Пред само неколку дена таа со сопругот Маријан ја прославија десетгодишнината од бракот и по тој повод заедно со децата планираат да заминат на патување низ Европа.
„Изминатава година, како и претходните години речиси немав слободен ден, концертни настапи во и надвор од Македонија, турнеи, телевизиски гостувања, и во Бугарија, хуманитарни концерти. Ова е само дел од тоа што ми се случуваше изминатава година. Колку и’ да се трудев, семејството трпеше и баш поради тоа решив да не прифатам ниту еден ангажман за новогодишната ноќ и максимално да се посветам на семејството“, вели Велевска.


Таа раскажала дека пред само неколку дена со Маријан прославила десетгодишнина од брак и решила да го изненади семејството, сопругот и трите деца со патување низ Европа.
И покрај тоа што Велевска нема никаде да настапува, телевизиската публика ќе може да ја гледа во новогодишното шоу кое таа го сработи со ИН продукција и кое ќе се емитува на Канал 5 телевизија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …