(ВИДЕО) Со насмевки во 2018: Тин, Марјан, Тино и Атанас во новогодишен специјал на „Еден на Еден“

Велат дека смеењето го продолжува животот и веруваме дека навистина е така. Затоа, додека се подготвувате за дочекот на најлудата ноќ, не го пропуштајте новогодишниот специјал на ток-шоуто „Еден на Еден“.

Ве очекува супер-забавна емисија која ќе ве насмее до солзи, а „виновни“ за тоа се експертите по стенд-ап комедија: Словенецот Тин Водопивец кој подготви специјален стенд-ап на македонски јазик, нашиот Марјан Ѓорѓиевски и незаменливите Атанас и Тино од театар „Комедија“.


Да ја испратиме 2017. година како што доликува. Недела, 31. декември во 18:50 часот на „Канал 5“.

Погледнете ја најавата:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 2 години без нашиот истакнат актер Димче Мешковски

Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Тој е македонски …