(ФОТО) Кирк Даглас го прославил својот 101. роденден

Глумецот роденденот ќе го одбележи со куќна забава, а многу го развеселил повикот на помладата сестра од Амстердам. Минатата година за својот 100. роденден Кирк Даглас напишал колумна
Кетрин Зита Џонс (48), сопругата на Мајкл Даглас (73), на Кирк му го честитала 101. роденден со фотографија на која нејзиниот свекор и седи во скут.
„Среќен роденден, на мојот прекрасен, инспиративен свекор, полна со љубов. Те сакам со целото срце“ напишала глумицата.


Кирк имал намера како и една година претходно за својот роденден да направи домашна забава. Времешниот глумец денот го започнал со видео разговор со три години помладата сестра, Ида, преку Фејсбук. Ида му испеала „Среќен роденден“ што многу го потресло Кирк.


„И’ јас го видов преку видео повикот и морам да признаам дека вујко Кирк се држи одлично. Денес ќе има голема забава“ рекла Мерилин, ќерка на Ида.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба на Ива Станковска и Јана Николовска

„Art Exhibitions“ е проект чија цел е да поддржи млади уметници од Македонија и да …