Легендарниот пејач се тетеравел на бината среде концерт во Оксфорд и паднал. Брзата помош го однела додека фановите гледале со неверица. Минатата година преживеал мозочен удар…
Само почнал неконтролирано да се движи наназад и одеднаш паднал со микрофонот во рака, напишал на Твитер еден од обожавателите на славниот пејач, Крис Реа (66) кој синоќа бил на неговиот концерт во New Theatre во англискиот град Оксфорд.
„Само што го одведе Брза помош“ напишал друг обожавател и поделил фотографија снимена непосредно пред падот.
The evening had been brilliant up till now with Chris on top form but Chris Rea has just collapsed on stage at the New Theatre Oxford where I'm watching him.
Fell backwards in a clump on the stage.
Really doesn't look good.
I'm quite upset. pic.twitter.com/niA4O7aUAz
— CörnishDarrenFewins (@Darren_Fewins) December 9, 2017
Крис Реа познат по своите хитови „Road to hell“ и „Driving home for Christmas“, пред една година преживеал мозочен удар. Уште во средината на 2000. те се борел со рак на панкресот и го победил.
„Имам чувство дека сега се’ ми се враќа затоа што успеав да останам жив“ изјавил крис Реа лани после мозочниот удар. Ова би требало да биде еден од неговите последни концерти на турнејата на која одработил 37. настапи.