Победникот на годинешниот Евросонг, Португалецот Салвадор Собрал се опоравува во болница после трансплантација на срце, пренесува денес BBC. Лекарите во соопштението рекле дека операцијата минала успешно
Хирурзите во болницата „Санта круз“ во Лисабон велат дека 27. годишниот пејач Салвадор Собрал се чувствува добро.
Португалскиот пејач кој го освои годинешното музичко натпреварување со љубовната песна „Amar Pelos Dois“ (Љуов за нас двајца) долго бил болен од срце.
„Операцијата мина успешно“ рекол хирургот Мигуел Абецасис за португалскиот весник Publico..
Опоравувањето ќе биде долго и ако се’ мине добро Собрал ќе има “сосема нормален живот“ додал докторот.
Пејачот морал да чека неколку месеци додека не бил најден донатор.
Собрал во септември објави дека зема пауза од настапите.
Собрал се обидел да скрие од јавноста дека е многу болен, но се’ било откриено кога не успеал на време, да стаса во Киев, бидејќи докторите му забраниле заминување.
27. годишниот Португалец живеел во САД и Барселона, каде одел во музичко училиште…