(ФОТО) ЌЕ ИМА СЕШТО – ЈАСНОВИДЕЦ ЈА ПРОГНОЗИРА СУДБИНАТА НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Еве што го чека Чарлс во следните 7 години, ни ХАРИ нема светла ИДНИНА!

Познат британски јасновидец предвидува дека кралот ќе абдицира и дека принцот Хари ќе се врати во кралското семејство во следните две години.
Еден јасновидец од Бирмингем вели дека кралот Чарлс III ќе издржи само седум години на тронот пред да му ја предаде круната на принцот Вилијам.

This image has an empty alt attribute; its file name is megan-i-hari.jpg
Тој исто така тврди дека принцот Хари и Меган Маркл ќе се разделат и дека тој повторно ќе му се придружи на кралското семејство во Велика Британија.
Џон Хјуз води своја компанија We Are Namaste, која првично била продавница, но морала да се затвори поради пандемијата „Ковид-19“. Сега овој јасновидец води сесии од својот дом во Сатон Колдфилд, му доаѓаат познати луѓе (дел од парите ги дава на добротворни организации) и често е цитиран од медиумите.
Имено, откриено е дека бабата на Хјуз била видовита, а тој самиот верува дека неговите дарби во разговорот со мртвите и предвидувањето на иднината се наследни.
Со запалени миризливи свеќи и амбиентална музика, Хјуз ја погледнал сликата на кралот Чарлс III во Бирмингем Лајв и ја предвидел иднината на новиот монарх.



„Мислам дека се мачи. Кралот Чарлс е загрижен за иднината, тој милион проценти се прашува дали може да ја заврши оваа работа“, рекол Хјуз.
Хјуз „гледа“ и дека принцот Хари и Меган Маркл ќе се разделат во следните две години, дека нешто ќе им се случи во меѓувреме. Тој исто така истакнал дека принцот Хари повторно ќе се приклучи на кралското семејство, каде што кралот ќе му дозволи повторно да ја избере својата позиција.
Инаку, Хјуз верува дека кралот Чарлс во иднина ќе абдицира.
„Во рок од седум години, мислам дека Чарлс ќе сфати дека сака да абдицира и од едноставна причина: тој не сака повторно да потроши милиони фунти на државен погреб. Вилијам ќе ја преземе улогата во следните седум години“, рекол тој.

This image has an empty alt attribute; its file name is princ-vilijam.jpg
Хјуз вели дека кралицата Елизабета Втора не можела да абдицира поради сета „траума“ што ја преживеала со нејзиниот син принцот Ендру и поранешната снаа, покојната принцеза Дијана.



„Знам дека Чарлс нема да може да ги исполни чизмите на неговата мајка.Тоа е преголема работа, па ќе го реконструира кралското семејство и ќе го вметне младиот крал“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во месецот посветен на јубилејни проекции на македонски филмови, вечерва во Кинотека ќе биде прикажан играниот филм „Големата Вода“

Вечерва, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20:00 часот, во месецот на јубилејни проекции, …