(ФОТО) Каролина Гочева со шоу на МРТ за новогодишната ноќ!

Како по обичај нема најави од МРТ што подготвија за новогодишната ноќ, но затоа Каролина Гочева на нејзината страна на Фејсбук среќна соопшти дека во сабота невечер, на дочекот на новата 2023 година ќе имаме можност да се дружиме со неа и нејзините гости….Што се’ ќе видиме и слоушнеме покрај Каролина погледнете подолу…
„Драги мои,
Многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1!
На 31ви декември, со почеток од 21 часот ќе имам свое 90 минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели Elena Risteska, Lara Ivanova, Lozano – Vlatko Lozanoski, Пијан Славеј и Teen Camp Official
Се гледаме на 31ви декември на МРТ1!
Ваша,
Каролина ❤️
📸 @stefan.rajhl“, напиша Каролина и приложи голем број фотографии.


Фото: Принтскрин/Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …