Никогаш поедноставен и побрз рецепт за проички со сирење што успеваат од прв пат.
Кога драгите гости ќе ве изненадат, а немате многу време да подготвите нешто, ова брзо послужување може да ви направи одлична услуга. Користете чаша од 200 мл за мерење. Поради јогуртот ќе бидат навистина меки и воздушести – нема да можете да им одолеете.
Состојки:
1 чаша пченкарно брашно
1 чаша брашно
1/2 чаша масло
1,5 чаши јогурт
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за пециво
1 јајце
200 гр сирење
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки за да добиете компактна смеса без грутки. Смесата истурете ја во калапи за мафини, претходно намачкан со маргарин и посипани со малку брашно, но само до половина на калапот, бидејќи ќе нараснат при печењето (печете на 180 степени). Кога ќе се изладат, извадете ги од калапчињата и послужете ги. Доколку не ги јадете сите, чувајте ги завиткани во памучна крпа или во кутија со капак, бидејќи така ќе ја зачуваат свежината.
Фото: Принтскрин/YouTube