Доколку барате место во близина отворено за капење и релаксација во природа во текот на целата година, унгарското езеро Хевиз би можело да ги исполни вашите очекувања. Сместено во близина на езерото Балатон, во центарот на градот Хевиз, ќе ве пречека најголемото термално езеро во Европа, со површина од 47.500 квадратни метри.
View this post on Instagram
Покрај тоа, Хевиз е едно од најголемите биолошки активни природни термални езера во светот. Тресетска кал, природна кал која го подобрува ефектот на лековитата вода со корисните магнезиум, сулфур и калциум е една од причините зошто езерото е познато по здравствениот туризам, во кој уживале и старите Римјани. Езерото длабоко 38 метри се развило во истиот период како и Балатон и датира од пред 20 до 22 илјади години.
Бидејќи водата циркулира континуирано, таа целосно се обновува на секои три дена, а нејзиниот квалитет е ревносно контролиран од Унгарците. Со оглед на тоа што температурата на водата никогаш не паѓа под 24 – 26 °C, а во лето се движи од 33 до 35 °C, посетителите доаѓаат во текот на целата година.
View this post on Instagram
Водата што тече овозможува убава масажа, а кондензираната пареа што се собира над езерото во зима е природен инхалатор. Идиличната вегетација придонесува и за релаксација: лилјаните, лотосот, гинко билоба и јапонските магнолии создаваат спектакуларна сцена.
Главниот влез во езерото го чуваат двајца херувими изградени од семејството Фештетиќ на преминот од 19 и 20 век, а според легендата, ако некој меѓу нив помине без љубов во срцето, херувимите ќе прозборат.
View this post on Instagram
Маските се задолжителни во заедничките затворени простории, а на влезот ќе добиете нараквица со чип што ќе се користи за шкафчиња каде што ќе можете да ги оставите работите. Во средината на езерото има павилјон со платформи за сончање; има неколку длабоки базени на располагање до кои се пристапува по скали.
View this post on Instagram
Од почетокот на октомври до крајот на март, работното време на базенот е од девет наутро до шест и пол попладне, а дневниот билет е околу 1.000 денари. Ако немате време да го поминете целиот ден на езеро, можете да се одлучите и за пократки, поевтини опции. Студентите, децата и оние над 60 години имаат попуст на билетите.
Фото: Принтскрин/Instagram