(ВИДЕО) Мраз ги „окова“ американските патишта, погледнете како изгледа сообраќајот

ЕКСТРЕМНА зимска бура буквално ги замрзна САД и го направи речиси невозможен сообраќајот во многу региони.
Колку и да се внимателни возачите, во овие услови некои сообраќајни несреќи едноставно се неизбежни. Најчесто станува збор за судири со помали брзини во кои нема повредени, но причинета е материјална штета.

Со Тесла во полициско возило
На видеото се гледа како автомобил Tesla целосно застанува. Сепак, автомобилот на крајот удира во полициско возило, а потоа продолжува неконтролирано да се лизга.


Немал среќа ни возачот на Toyota High Lander. Тој капитулираше на искачувањето, а потоа почнал да се лизга надолу. Го промашил Поршето, но потоа удрил во Тојота РАВ4.



Следното видео доаѓа од Сиетл, каде што сме сведоци на голготата на возачите на Nissan, Subaru и Toyota кои се обидуваат да се движат по замрзнатиот пат. Сите морале да капитулираат и завршиле во други возила.

Возачот на Lexus LX имал малку повеќе среќа благодарение на тежината на возилото и погонот на сите тркала, а потоа дури и речиси совршено се паркирал на спротивната страна од патот. Меѓутоа, тогаш возачот излегол и веднаш паднал на задната страна, а потоа Лексусот почнал да се лизга.

И, конечно, згодно видео од перална за автомобили која замрзнала како веќе да започнало леденото доба. Необичната сцена е снимена во Тексас, каде температурите се спуштија до -11 степени Целзиусови.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …