(ВИДЕО) МАЈКА НА ТРИ ДЕЦА ЈА ИСЕКЛА КОСАТА, ПРОДАЛА БУБРЕГ И 4 ГОДИНИ ГЛУМЕЛА ДЕКА Е МАЖ: Причината е повеќе од шокантна!


„Ме боли кога гледам жени кои се добро облечени и негувани“, вели Бахеја, која четири години глумела маж за да го издржува своето семејство.
Во Египет жените немаат исти права како мажите. Барем немаат право на еднаква работа. Бахеја се обидела да живее и работи како жена, но општеството ја отфрлило и таа морала да се прилагоди.
Четири долги години се маскирала во маж, вработена на тешки, многумина би рекле исклучиво машки работи, а притоа го продала бубрегот за да си ги врати долговите, да го прехрани семејството и да му помогне на тешко болниот сопруг.
Кога станува збор за Бахеја Али Сулејман, титулата што ја доби пред неколку години „Мајка на годината“ се чини дека е грубо потценување на жртвата што ја направила оваа жена.

This image has an empty alt attribute; its file name is baheia-2.jpg


Египетското општество останало без зборови кога во 2017 година, телевизиското шоу „90 минути“ ја емитувало нејзината повеќе од шокантна животна приказна.
Зборувајќи со новинарот, Сулејмани објаснила како ја подигнала „мајчинската жртва“ на сосема ново срцепарателно ниво, расветлувајќи ги незамисливите мерки на кои луѓето прибегнуваат само за да врзат крај со крај во услови на сиромаштија опасна по живот.
Заменувајќи го својот невработен, инвалидизиран сопруг, 32-годишната мајка на три деца ја ишишала косата, облекла машка облека и се зафатила со типично машки работи.
Таа како Бакар живеела цели четири години.
– Прво почнав да работам во градежништво облечена во абаја и вел, а луѓето воопшто не ми попуштаа – објаснила таа.
Преправена во маж, Сулејмани работел на градилиште во градот Бени Суеф. Таа возела и „тук тук“ по нејзината смена за да заработи дополнителни пари, пред нејзиното возило – клучен извор на приход – да биде запленето од полицијата затоа што немала валидна дозвола.

This image has an empty alt attribute; its file name is baheia-1.jpg


Сулејмани не успеала да обезбеди 3.000 EGP (168 американски долари) што морала да ги плати како казни за да си го земе возилото.
„Кога гледам жени облечени убаво и женствено, ме боли“, одговорила кога водителот ја прашал дали и недостига да живее како жена.
Но, тоа не е сè од што таа морала да се откаже.
Кога долговите на семејството почнале да се трупаат, Сулејмани решила да продаде еден бубрег за 25.000 EGP (1.401 долари) за да избегне затвор.
– Откако го продадов бубрегот, многу сум уморна и едвај стојам на нозе – рекла таа.
Додека нејзиното семејство продолжува да се дави во долгови и се бори да преживее, властите одлучуваат да интервенираат.
Гувернерот на Бени Суефа рекол дека ќе ги обезбеди „сите средства за пристоен живот“ за Сулејмани, ветувајќи дека службениците ќе го посетат семејството и ќе обрнат внимание на тешките околности во кои живеат неговите членови.

Таа не е првата Египќанка принудена да го освои машкиот свет
Во 2015 година се појави веста дека Сиса Абу Дао, тогаш 65-годишна, живеела како маж повеќе од четириесет години за да го издржува своето семејство.
Абу Дао ја избричила главата, носела широки машки фустани и се занимавала со работи како што се правење тули, берба на пченица и блескање чевли.
– Кога жената ќе се откаже од својата женственост, тоа е тешко – рекла таа.
– Но јас би направила се за ќерка ми. Тоа беше единствениот начин да се заработат пари. Што друго би можела да направам? Не знам да читам и да пишувам, моето семејство не ме праќаше на училиште, па ова беше единствениот начин – изјавила тогаш Абу Дао.
Таа објаснила дека присвојувањето машки идентитет барем и овозможило да игра улоги кои се сметаат за недозволиви за жените и да ја избегне заканата од тешко сексуално вознемирување.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Скриените фантазми“ – Ретроспективната изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија и ви го најавува претставувањето на …