(ФОТО) КАН: Златна палма за Јулија Дикорно за филмот „Титан“

Филмот „Титан“ ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал, со што Французинката Јулија Дикорно стана втора жена режисер што ја освои најголемата награда на фестивалот стар 74 години.
Наградата Гран при беше доделена на иранската драма „Херој“ и финскиот филм „Стан број шест“. Наградата за најдобар режисер му припадна на Лео Каракс за „Анет“, а тоа е, фантастичниот мјузикл што го отвори фестивалот.


View this post on Instagram

A post shared by 74th Cannes Film Festival (@cannes2021)


Кејлеб Лондон Џонс ја освои наградата за најдобра глума, додека Рената Реинсви ја доби наградата за најдобра актерка во филмот „Најлошата личност на светот“. Хрватската драма „Мурина“ изработена од Антонета Аламат Кусијановиќ ја освои наградата Златна камера за најдобро деби.
Церемонијата беше обележана со фактот дека победникот на фестивалот беше погрешно објавен од претседателот на жирито, американскиот режисер Спајк Ли, во средината на програмата, по што настана конфузија.


Дикорно не излезе веднаш на сцената за да ја земе наградата, па наместо тоа, го чекаше официјалното соопштение на крајот од церемонијата. На крајот од програмата, победата на „Титан“ ја објавија Ли и водителката, холивудската актерка Шерон Стоун.

После гафот, церемонијата продолжи, а беа доделени и други награди, додека Ли не верувајќи ги држеше рацете на главата. Минатата година немаше награди во Кан поради пандемијата, а овој пат имаше публика, која на влезот мораше да докаже дека е вакцинирана или негативна на ковид 19, додека маските беа задолжителни.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на книгата „Кобајаши Мару“ од Анде Јанков

Во Europe House во Велес, денес со почеток во 19:00 часот, во организација на книжевниот …