(ФОТО) Јордан Митев сними спот за неговата последна песна „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“

Пејачот на народна песна и љубеникот на публиката, Јордан Митев, вчера во родниот Радовиш, го заврши снимањето на видеото за спотот на неговата последна објавена песна „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, која е вистински хит во нашата земја и кај нашинците надвор.
Спотот, кој првично беше најавен за во Јануари месец, светлината на денот ќе ја здогледа токму во овој период од годината, а малото одложување за негово снимање и премиера беа многуте ангажмани кои нашиот пејач ги имаше токму тогаш.


Овој пат Митев спотот го работеше со „Арт Продукција“, а водејќи се според досегашната пракса, публиката со сигурност може да очекува високо квалитетно и професионално видео.
Во спотот за песната во која може да се пронајде секоја генерација на слушатели и уживатели на македонската народна песна, учествуваа голем број на статисти, а како и секогаш, така и сега, Јордан даде акцент кон истакнување на квалитетни и интересни места од неговото поднебје. Како главна локација за снимање на видеото беше ресторанот „Тиамо Гарден“ во Радовиш.
Промоцијата на спотот очекувајте ја наскоро, а за престојниот период најавено е уште едно снимање на спот, надвор на границите на нашата земја, но повеќе детали не се откриваат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …