(ВИДЕО+ФОТО) Се подготвува изградба на најдолгиот подморски железнички тунел – Ќе ги поврзува престолнините на Финска и Естонија

Изградбата на најдолгиот подморски железнички тунел на светот кој ќе ги поврзува финската и естонската престолнина ќе чини 15. милијарди евра.

За изградба на најдолгиот поморски железнички тунел на светот, кој ќе ги поврзува главните градови на Финска и Естонија, обезбедени се средства во износ од 15 милијарди евра.
Кинеската компанија “Touchstone Capital Partners” ќе ја финансира изградбата на целиот проект.
Третина од средствата ќе бидат реализирани преку приватни капитални инвестиции, а две третини во форма на позајмици, стои во потпишаниот меморандум за разбирање.


Планираниот тунел меѓу Хелсинки и Талин ќе биде долг 100. километри, а ќе биде изградено и најмалку едно вештачко езеро, вели креаторот на овој проект, финскиот претприемач Петер Вестербачк.


Владите на Финска и Естонија ветиле дека ќе се обидат дел од средствата да ги добијат од Европската Унија, што би го намалило уделот на неопходни приватни инвестиции.


Иако изградбата на тунелот уште не започнала, картите за возење со овој воз веќе во декември минатата година биле пуштени во продажба. Така цената на билет во еден правец чини 50. евра, додека годишна карта се продава за 1.000 евра.
Според проценките, изградбата би требало да почне во 2024. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …