Ќерката на починатиот глумец од серијата „Беверли Хилс“ е бесна на обожавателите кои и приговориле дека не тагува по татко и како што би требало. „Секој кој го познаваше татко ми би знаел дека тој тоа не би го сакал“, напишала Софи…
„Откако почина татко ми се најдов во центарот на вниманието. Многу од тоа внимание беше позитивно, но некои луѓе едноставно не можат да бидат љубезни. Не барав внимание, не сакав да се пронајдам под светлото на рефлекторите…Иако не сакам никого да навредам,исто така нема да им угодувам на туѓите очекувања и уверувања“, напишала Софи Пери (19), ќерка на починатиот Лук Пери на социјалните мрежи.
Имено, таа се налутила на обожавателите на нејзиниот татко кои, како што вели, ја критикувале, околу тоа како тагува по својот татко.
„Имам 18. години и пцујам како кочијаш. понекогаш се облекувам како ку*ва. Можеби верувам во нешто во што вие не верувате, но најважно е дека ќе се смеам и живеам мој нормален живот. Секако дека ме боли и плачам поради тоа што му се случи на мојот татко. Тоа е најлошата работа која било кога можела да мис е случи. Скршена сум и уништена, но Нема да седам во соба и по цел ден да плачам додека интернет не одлучи дека е соодветно поинаку. Секој кој го знаел татко ми знае дека тој не би го сакал тоа. Па немојте ниту вие да го барате тоа од мене. За сите оние кои ме посрамуваат поради тоа како зборувам и, што е најодвратно, поради мојот начин на тагување, направете им на сите услуга и престанете да ме следите, го губите моето и своето време“, додала Софи.
Лук пери, легендарниот Дилан МекКеј од серијата „Беверли Хилс“ починал во 53. година од последиците на мозочен удар. Во моментот на смртта бил окружен со саканите луѓе, синот Џек (21), ќерката Софи (18), свршеницата Венди Медисон Бауер, бившата сопруга Рејчел Шарп (49), мајката Ен Бенет, очувот Стивен Бенет, братот Том Пери, сестрата Еми Кодер и други блиски пријатели.
Неговото семејство веднаш по неговата смрт, а посебно неговата ќерка и свршеничка, се нашле под лупата на јавноста, а многумина ги критикувале поради начинот на кој тагуваат за загубениот татко, односно свршеник. Жалењето по Лук неодамна го коментирала и неговата свршеница Венди на која, како што тврдат странските медиуми, со тестаментот ништо не и оставил.
„Сакам да изразам благодарност на сите на љубовта и подршката. Неброените приказни за дарежливоста и добрина на Лук ми помогнаа во овој тежок период. Последните 11. години беа најсреќните во мојот живот и благодарна сум што тоа време го минав со него“, рекла за People.
Како што пренесува TMZ,Пери и Венди планирале венчавка, а наводно пред олтар требале да застанат ова лето. Меѓутоа, се испречила неговата смрт, само една недела откако глумецот завршил на интензивна нега поради мозочен удар.
Наглата смрт на Пери го потресе цел Холивуд, но особено ги шокирала неговите колеги кои по неговата смрт од него се простувале на социјалните мрежи.Посебно бил емотивен неговиот колега од серијата Иан Зеринг (54).
„Најдраг Лук, засекогаш ќе ги памтам прекрасните спомени кои заедно ги делиме последните 30. години. Господе, те молам сочувај му место блиску до тебе, тој го залужува тоа“, напишал потресениот глумец на социјалните мрежи и така му одал почест на Лук Пери кој не му бил само колега туку еден од најдобрите пријатели.