(ФОТО) Јапонец одлично заработува, има илјадници клиенти а ништо не работи!

Еден човек го ангажирал да му го опише убиството што го извршил, а друг Моримото да го изнесе од болницата и да го однесе на местото каде што се обидел да изврши самоубиство.


Во интервјуто што го дал за списанието „Мајничи“, Моримото наведува дека тој не е ниту пријател, ниту познаник на неговите клиенти. „Не сум оптоварен со оние иритирачки детали што ги придружуваат пријателските односи, но можам да им олеснам на луѓето ако се чувствуваат осамено“.


„Лично, не сакам некој да ме теши. Ме нервира кога луѓето ми велат да бидам трпелив или да истраам. Мислам дека кога некој се обидува да направи нешто, ако сакате да му олесните, доволно е да бидете со него“, додава Моримото.
За помалку од три години, Моримото исто така објавил книга за неговата сегашна професија, бил тема на телевизиско шоу и добил повеќе од 270.000 следбеници на Твитер.


Еден од неговите клиенти објавил: „Мило ми е што можев да одам со некого на безбедна дистанца, со кого не морав да разговарам, а можев“.
Додека друг напишал: „Не сакав да ја посетам болницата, но сепак си заминав затоа што ми правеше друштво“.

Извор: rts.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …