(ВИДЕО) Серена и Венус Вилијамс животот „го преточиле“ во филм – Улогата на таткото му припаднала на славен глумец!

Серена и Венус Вилијамс одлучиле својот живот да го претворат во филм…
Познатите тенисерки, кои го одбележаа женскиот тенис, одлучија на сите да им покажат како им поминал животот.
Таткото на Серена и Венус Вилијамс во филмот „Кралот Ричард“ ќе го толкува славниот Вил Смит. Филмот зборува за тоа колку беше пресудна улогата на Ричард Вилијамс во животот на Серена и Венера, кои се едни од најдобрите тенисери во историјата на белиот спорт.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)


Ричард дискутира за своите идни визии за своите деца
– Имаме идни доктори, адвокати и неколку тениски sвезди во оваа куќа. Следниот чекор што ќе го направите не само што ќе ве претставува вас, туку ќе ја претставува и секоја мала црномуреста на Земјата.


Серена секогаш велела дека улогата на нејзиниот татко е најважна во нејзината кариера
– Тој беше најважната личност во мојата кариера. Се’ започна со идеја. Тоа беше негова идеја. Тоа го промени спортот. Ја промени историјата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Venus Williams (@venuswilliams)

Главните улоги покрај Вил Смит ги толкуваат Санија Синдни, која го толкува ликот на Венус Вилијамс, додека Деми Синглтон го толкува ликот на Серена. Режисер на филмот е Реиналд Маркус Грин, а сценариото го напиша Зак Баилин. Премиерата е закажана за 19. август.

Фото: Принтскрин/Youtube/Warner Bros.Pictures

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

28. Златна буба мара на популарноста

  Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, оваа година ќе се одржи на 19 февруари во …