(ФОТО) Јапонец одлично заработува, има илјадници клиенти а ништо не работи!

Шоџи Моримото работел во издаваштвото некое време, но сега заработува со тоа што други луѓе го ангажираат да им прави друштво и да поминува време со нив.
Јапонецот кој заработува за живот така што луѓе го аранжираат за да не прави ништо, има преку три илјади клиенти и еден куп пријатели на социјалните мрежи. За сума од нешто помалку од сто евра, 37-годишниот Моримото „ќе јаде, ќе пие и ќе дава едноставни одговори“ на сметка на клиентот.


Шоџи Моримото е оженет и магистрирал на физика, а своите услуги ги понудил за прв пат на својот профил на Твитер во 2018. година. „Можете да ме ангажирате да не правам ништо. Ако ви е тешко да одите на шопинг сами? Дали ви недостасува еден играч во тимот? Дали ви треба некој што ќе ви зачува место? Не правам ништо друго освен лесни работи“, било наведено во тогашната реклама.


Тој првично ги понудил своите услуги бесплатно, но со текот на времето почнал да наплатува за да го намали бројот на барања и да ги обесхрабри оние што само му го трошат времето. Тој има три до четири клиенти дневно, а откако го започнал својот необичен бизнис, тој имал скоро три илјади, пренесува Independent.
Луѓето го ангажираат од различни причини, но повеќето само затоа што им е здодевно или се осамени или едноставно им треба некој да ги сослуша.

Го ангажираат да им прави друштво за ручек, да фотографира за Инстаграм, да прави друштво на некој што почнал да поднесува документи за развод, да фаќа пеперутки во паркот и да ги слуша сите проблеми што ги имале на работа во текот на денот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …