(ФОТО) ИНТЕРЕСНИ ПРЕДВИДУВАЊА – Нострадамус ја предвидел точната година на смртта на кралицата Елизабета, како и наследникот по Чарлс, но и други важни работи…

Францускиот лекар и астролог, со вистинското име Мишел де Ностредам, познат во јавноста како пророкот Нострадамус, ја предвидел точната година на смртта на кралицата Елизабета.
Авторот и водечки експерт за познатиот пророк, Марио Рединг, пишувајќи за криптичните песни на Нострадамус од 1555. година, рекол: „Преамбулата е дека кралицата Елизабета Втора ќе умре околу 2022. година, на возраст од околу 96. години“.
Рединг исто така рекол дека Нострадамус ја напишал фразата „Крал на островите“ во една од неговите песни, мислејќи на предвидувањето дека поголемиот дел од Комонвелтот ќе се отцепи за време на владеењето на кралот Чарлс III.
Авторот исто така тврдел дека Чарлс ќе дојде на тронот на 74-годишна возраст.

„Незадоволството на одреден дел од британското население, по неговиот развод со Дијана, принцезата од Велс, сеуште ќе трае“, напишал авторот.
Експерт за делата на Нострадамус исто така толкува дека Чарлс ќе биде принуден да абдицира за една година и дека реченицата на пророкот „Ќе биде заменет со човек кој никогаш не очекувал да биде крал“ значи дека Вилијам нема да седне на тронот. Авторот рекол и дека во тој случај принцот Хари би можел да стане крал.
Да потсетиме, кралицата Елизабета почина на 9. септември, а нејзиниот погреб е закажан за 19 септември. Нејзиниот син Чарлс го наследи тронот, а првиот внук на Елизабета, Вилијам сега е во редот за круната.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …