(ФОТО) Го прекршил протоколот, ја растажил толпата: Принцот Хари се „скршил“ покрај одарот на баба му

Принцот Хари го совладале емоциите додека и оддавал почит на својата покојна баба, кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската сала, придружуван од неговата сопруга, војвотката Меган Маркл.
Откако ковчегот со посмртните останки на кралицата Елизабета беше изложен во Вестминстер, фотографите го снимиле Хари како ги брише солзите додека Меган стоела покрај него со тажен израз на лицето. Тука биле и братот на Хари, Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, кои исто така не ги криеле емоциите.


Браќата оделе заедно, рамо до рамо во подвижната 38-минутна поворка од Бакингемската палата, со нивните сопруги кои се возеле во посебни автомобили, Меган придружувана од грофицата од Весекс и Кејт, придружувана од Камила, кралицата сопруга на кралот Чарлс.

This image has an empty alt attribute; its file name is hari-pred-kovcegot-1.jpg


Меган и Хари беа меѓу членовите на кралското семејство кои го пречекаа ковчегот со телото на кралицата Елизабета во Бакингемската палата, како и илјадници граѓани собрани на улиците.
Ковчегот ќе биде изложен во Вестминстерската сала до понеделник, кога ќе се одржи последното збогување на кралицата, а јавноста ќе може да помине покрај него во секое време од денот, до утрото, кога ќе се одржи погребот, со присуство од десетици светски лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Џо Бајден.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …