150922_Hematologija_Limfom

15 Септември – Светски ден за борба против лимфом

„Не можеме да чекаме“ е годинешниот слоган на светската кампања за подигнување на свесноста на населението за малигното заболување лимфом, која почнува на 15 септември, а во која се вклучува и Универзитетска клиника за Хематологија.
Целта на кампањата „Не можеме да чекаме“ е да апелира до јавноста, навреме да ги препознае симптомите на ова заболување затоа што раното дијагностицирање на лимфомот значи можност за живот и излекување.
Лимфом е малигна болест на имуниот систем, која во последните две децении бележи зголемен број на заболени во светот, но и во земјава. Во светот на секои 90 секунди се дијагностицира по еден новс лучај со лимфом.

This image has an empty alt attribute; its file name is hematologija.jpg
Кампањата „Не можеме да чекаме“ праќа три многу важни пораки: првата е дека јавноста треба да се грижи за своето здравје и навреме да ги препознае симптомите, второ, навреме да се дијагностиција болеста и трето, навреме да се почне со третман, затоа што поради сериозноста на болеста лицата со лимфом немаат време да чекаат.
Од Клиниката за хематологија велат дека бројот на откриени случаи на лимфом во земјава опаднал за дури 38 проценти за последните две години, пандемијата од Ковид-19 влијаела и на третманот и на дијагностицирањето на лимфомите.


This image has an empty alt attribute; its file name is hematologija-2.jpg
Директорката на Клиниката за хематологија, Ирина Пановска – Ставридис вели дека една од најважните пораки на кампањата „Не можеме да чекаме“, е информирањето на граѓаните, да ги препознаат симптомите и да побараат на време помош од лекар.
Универзитетска клиника за хематологија, заедно со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, во интерес на пациентите, со цел да се скрати времето на дијагностика, да се приближат дел од дијагностичките методи до местото на живеење на пациентите, работат на проект со кој ќе мапираат здравствени капацитети за рана дијагностика на лимфоми.

150922_Hematologija_Limfom

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse …