Адвокатот потврдил: Славниот режисер не умрел од природна смрт

Адвокатот на починатиот Жан-Лук Годар потврдил дека познатиот филмски режисер се одлучил за евтаназија, која се вршела во Швајцарија.
Жан Лук Годар починал на 13. септември, а судејќи според лекарскиот извештај, решил да стави крај на животот со евтаназија.
Овие наводи ги потврдил и неговиот адвокат Патрик Жанере, велејќи дека Годар боледувал од неколку болести кои го спречувале да живее нормален живот, поради што се одлучил на овој чекор.
Да потсетиме, неговото семејство потврди дека режисерот починал „мирно дома“, а покрај него била и неговата сопруга Ан-Мари Миевил.

This image has an empty alt attribute; its file name is zan-lik-godar-1.jpg
Од друга страна, францускиот весник „Либерасион“ цитира неименуван извор близок до семејството кој рекол: „Тој не беше болен, само беше исцрпен. Затоа и донесе одлука да стави крај. Тоа беше негова одлука и му беше важно тоа да се дознае“.
Француско-швајцарскиот режисер беше клучна фигура во Новиот бран во кинематографијата, движење кое го револуционизира филмот кон крајот на 1950-тите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …