(ФОТО) ИМАЛ ГОЛЕМО СРЦЕ – Џеј го финансирал домот во кој пораснал: „Сакаше на другите деца да им овозможи детство какво што тој немаше!“

Желбата на Џеј да им помогне и да ги разубавува животите на децата во домот била толку силна што тој често се откажувал од сопствените планови и големи проекти. Им помагал на децата и го опремил домот …
Џеј Рамадановски почина во неделата на 57-годишна возраст, а вчера семејството и пријателите го испратија на последен починок во Алејата на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград. Пејачот имал тешко детство. На 11-годишна возраст бил сместен во поправниот дом во Белград.
– Навечер, кога си легнувам, низ главата ми поминуваат разни слики од минатото. Често сонувам за поправниот дом. За време на целиот мој престој таму, мајка ми никогаш не ме посети, само татко ми дојде – речкол еднаш Џеј.


Токму поради неговото детство, Џеј финансиски го помагал и го опремувал воспитно-поправниот дом во кој растел неколку години. Тој сакал, на штитениците, да им даде поубаво детство од она што тој го имал.


– Уште кога се појави на сцената, Џеј искрено зборуваше за тешкото воспитување и сиромаштијата со која се борело неговото семејство. Сепак, тој беше повеќе погоден од сиромаштијата и мизеријата живеејќи во поправниот дом каде што заврши како тинејџер. Иако беше бунтовно дете кое правеше проблеми секој ден, одењето во домот било многу трауматично искуство за него затоа што беше прв пат да се раздели од родителите и сестрите – изјавил пријателот на Џеј за Alo.rs.


На пејачот не му се допаѓало тоа што морал да живее во дом.
– Тој страдаше многу од тоа што беше таму, но сите во домот многу го сакале од првиот ден. Иако условите биле лоши, вработените се обиделе да го одржат секое дете здраво, чисто и безбедно. Поради сето ова, Џеј реши финансиски да им помогне на децата и да го опреми домот во кој беа принудени да останат – додал пријател на пејачот.


Тој нагласил дека желбата на Џеј била да им помогне и да им ги разубавува животите на децата што биле во домот била толку силна што тој често се откажувал од сопствените планови и големи проекти.
– Тој сакаше просториите од домот во кој порасна да бидат чисти и варосани, а просториите на младите да бидат опремени барем така што секој има свој кревет – вели пријателот.


Џеј често раскажувал анегдоти од домот. Таму се сретнал со пријатели со кои се дружел цел живот.
– Болката што ја почувствувал кога го испратиле таму се претворила во желба да успее и да биде некој и нешто. По секоја цена сакаше неговите родители, особено неговата мајка, да бидат горди на него. На крајот, тој успеа во тоа – рекол пријателот на крајот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …