(ФОТО) Има Даунов синдром и успешна кариера на модел: Оди по модните писти и е заштитно лице на голем козметички бренд!

Русокосата 20. годишна девојка станала прво лице со Даунов синдром која победила на натпревар во убавина, а тоа е само почеток…
Кејт Грант не дозволува Дауновиот синдром да ја дефинира туку гради успешна кариера на модел. Оваа 20. годишна девојка од Северна Ирска е крунисана и на натпреварот Teen Ultimate Beauty of the World,одела на пистата на „FashionWeek“ во Белфаст, а неодамна станала и амбасадорка на голем козметички бренд.
Козметичкиот бренд ја избрал откако Кејт објавила фотографии на кои носи нивен туш за очи.


View this post on Instagram

I am voting for Cookstown… are you? #myhighstreet #gbhscookstown


A post shared by Kate Grant (@kategrantmodel) on


„Гради пат за луѓето кои ќе дојдат после неа“, рекла нејзината горда мајка, Деидре.
„Кејт сака да ја прошири свеста за вклучувањето на лицата со инвалидитет и тоа го прави од самиот почеток. Го користи својот глас за нив“.

Русокосата Иркиња ќе почне да го претставува брендот во цел свет и „нема да дозволи нејзината инвалидност да и застане на патот“, тврди нејзината мајка.
Корисниците на социјалните мрежи го пофалиле брендот поради одлуката, а со Кејт се воодушевени.
Еден во коментар напишал:„Каква инспиративна дама, фала што на моделите им пруживте еднакви шанси“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …