Џоана Херд (34) од Велика Британија искрено проговорила за стравот што го почувствувала кога ја слушнала ужасна дијагноза, шест месеци по раѓањето на нејзината ќерка. Лекарите во јули и’ рекле дека има IV стадиум на карцином на белите дробови.
Еден месец подоцна, таа дознала дека АЛК е позитивна, односно дека имала ретка генетска мутација – киназа на анапластичен лимфом што доведува до карцином на белите дробови, што ги погодува претежно младите и средовечни луѓе, дури и оние кои не пушат или пушат доста. Џоана вели дека никогаш не пушела, па никогаш не помислувала дека ќе и се случи да може да добие карцином на белите дробови.
Сето тоа ја скршило.Помислила дека има само уште една година и нема да има можност да гледа како расте нејзината ќерка, но лекарите се обиделе барем да ја утешат. И’ било кажано дека животниот век со таква дијагноза е околу седум години.
Џоана на блогот на Инстаграм @justamammafightingcancer се претставува како „АЛК позитивен воин против рак“. Таа вели дека нејзиниот блоги помага да го прифати фактот дека е сериозно болна, како и во нејзините секојдневни борби. Таа сака да им каже на луѓето каква е болеста. Таа признава дека темните мисли низ нејзината глава поминувале мрачни мисли уште откако ја добила дијагнозата.
„Ми се чинеше нереално. Чувствував како вакви работи им се случуваат на некои други луѓе. Некако чувствувам дека за една година ќе бидам мртва. Умот ми минува низ тоа дали ќе прифатам хемотерапија ако ми понудат, дали вреди“, рекла таа.
Таа се потсетила дека лекарите првично и давале погрешни дијагнози и ја третирале погрешно, бидејќи тоа било ретка состојба што не ја препознале веднаш. Тие мислеле дека станува збор за инфекција на градите или пневмонија.
„Ова погодува сè повеќе млади луѓе и не секоја болница нуди тестирање на клетки за да ја пронајдат оваа ретка форма. Не секој онколог во земјава е свесен за ова, што е прилично застрашувачко. Важно е да се споделат знаења за оваа ужасна болест“, додала Џоана.
Таа вели дека секој ден пие специјални апчиња, но после три до пет години ќе стане имуна на лекот и ќе и треба одредена алтернатива. Уште од кога се разболела, таа рзо се заморува и не може долго да оди.
„Пишувањето на блогот ми помогна да останам оптимист, а исто така им помага на моето семејство и пријателите затоа што тие имаат подобро разбирање за тоа низ што поминувам“, рекла таа, истакнувајќи дека планира да се омажи за својот партнер Даниел Џонатан следната година.
Екран.мк/Mirror
Фото:Рrintscreen/Instagram