(ВИДЕО+ ФОТО) КОШМАР ЗА СЕКОЈ РОДИТЕЛ – МАЛЕЧКАТА ЛИЛИ (10) СЕ КАПЕЛА ВО РЕКА А УТРЕДЕНТА ЈА ЗАБОЛЕЛА ГЛАВА: Девојчето се бори за живот поради амеба која и влегла низ носето!

Малечката Лили Ме, 10, од Тексас, се боре за својот живот откако за време на безгрижниот викент со родителите на реката Брезос се заразила со амеба која и го уништува мозокот.
Девојчето имала јаки главоболка уште во неделата, на 8. септември, а наскоро ја фатила и треска.


„Стана некохерентна и не реагираше, па ја однесовме во Брза помош,објавиле членовите на семејството на Фејсбук страницата Лилистронг (# Лилистронг), која била отворена како поддршка на малечката.
Сепак, медицинската анализа покажала дека Лили се заразила од амеба Naegleria fowleri.


„Таа амеба е ноќен кошмар за секој пациент“, се жалела Кристал Ворен, тетка на Лила. „Ние не разбираме како таа се зарази а многу луѓе пливаа таму тој ден“.
Американскиот центар за контрола и спречување на болести објаснил дека амебата е едноклеточен организам кој живее во топли води, како што се реки и езера. Амебата влегува во телото преку носот, доаѓа до мозокот и таму го уништува мозочното ткиво таму, објавил Си-Ен-Ен.

Статистиката е застрашувачка. Помеѓу 1962. и 2018. година, 145 луѓе се заразиле од оваа амеба во САД. Преживеале само четири лица. Семејството на Лила се надева и се моли таа да биде петта.

Екран.мк/24sata.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …