Британската рок-ѕвезда Род Стјуарт објавил дека се опоравил од рак на простата по двегодишно лекување, кое го чувал во тајност.

Поранешниот пејач на „Faces“, 74-годишниот Стјуарт зборувал за својата болест додека собирал средства за третман на рак на простата, објавило здружението Prostate Project.

Род ги повикал мажите да одат на редовни прегледи, бидејќи болеста е целосно излечива ако се открие навреме.
Секоја година, околу 50.000 британски мажи заболуваат од рак на простата.