Во потрага по среќа, принцот Хари и Меган Маркл решија да заминат во Америка, а ова се првите новогодишни празници што семејството ќе ги помине надвор од границите на Велика Британија.
На традиционален начин, тие им честитале на своите следбеници на социјалните мрежи со Божиќна честитка во форма на фотографија од нивното семејство. Сликата е направена во дворот на нивниот нов дом во Монтесито, а нивните миленици Пула и Гаја, се претставени како горди членови на семејството.
View this post on Instagram
„Оваа година, како семејство, дониравме неколку хуманитарни организации мислејќи на вас, од локални организација во Калифорнија што им помага на семејствата да не бидат бездомници до две британски организации: едната што се грижи за животните, а другата е спомен фонт на драг пријател кој помага во образованието на децата и борбата против сиромаштијата во Уганда, им оддаваме почит на нивната работа во име на сите нас“, навела Меган во честитката и наскоро ветила нова фотографија од Арчи..
View this post on Instagram
Божиќната честитка е ретка можност кога имаме увид во семејниот живот на војводата и војвотката од Сасекс, а малата елка украсена од нивниот наследник Арчи ќе биде засадена по празниците, како што навел портпаролот на парот.
Фото: Instagram