ЈА ЧУВА ТРАДИЦИЈАТА – Кралицата Елизабета за Божик има посебен подарок за својот персонал

Пудингот што го дели во палатата досега го нарачувала од „Хародс“, но извори откриваат дека со текот на времето таа се префрлила на „пообичниот“, од „Теско“.
Британското кралско семејство е многу традиционално, а некои од нивните традиции се честопати неразбирливи или малку необични. Една од нив е и подарување божиќни подароци на вработените – не станува збор за фантазија или расположение, туку строго очекување што мора да се исполни.


Имено, кралицата Елизабета (94) на секој член на нејзиниот персонал од 1.500 луѓе – му дава еден ист подарок секоја година – божиќен пудинг.
Кој ја обвинува кралицата за скржавост, треба да знае дека нејзините татко и дедо го правеле истото, пишува Daily Mail.


Пудингот што го дели во палатата досега го нарачувалаала од „Хародс“, но извори откриваат дека со текот на времето таа се префрлила на „пообичниот“, од „Теско“. Покрај пудинг, тие добиваат и божиќна честитка, а вработените со подолг стаж добиваат и подароци.



Традиционален божиќен пудинг во Велика Британија е всушност десерт кој се состои од суво грозје, кора од портокал, суво овошје, темно пиво, рум, лимон, јајца, шеќер, ореви и други продукти и се готви со часови. Тоа овозможува добро да се зачува, па може да се јаде со месеци по Божик.

Фото: Instagram


Фото (пудинзи): Џејми Оливер

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …