Со години ја следиме и за неа времето како да застанало. Но, факт е и дека без оглед какви вести ни соопштува задоволство е да се гледа и слуша бидејќи Гордана Ѓорчева е една од најдобрите македонски презентерки на вести. Со одличен однос пред камерите, а секако и дикција…
Животот не ја мазеше (рано го загуби сопругот, нашиот познат актер Бранко Ѓорчев, но животот продолжува, едноставно – така мора.
Презентерката на Дневникот на МТВ, Гордана Ѓорчева неодамна по втор пат стана баба, чувство кое, како што велат, е незаменливо.
Кон крајот на септември Гордана напиша:
„ВЕРА СЕ РОДИ!
ВАЊА СИ ДОБИ СЕСТРИЧКА!
МАМА ЛУЦИ И ТАТО АЛЕКСАНДАР СИ ИМААТ И ЌЕРКИЧКА!“
Но, времето поминува, дечињата си растат, а денес Гордана објави фотографии со внучињата Вања и Вера…
„Мајкини,
Богатство мое 💖💖💖“
Фото: Принтскрин/Facebook