„Среќна е што може слободното време да го поминува со Бредли“, рекол извор близок до супермоделот.
Гласините дека Ирина Шајк и актерот Бредли Купер ја обновиле својата романса станаа се се’ посилни. Извор, близок до актерката, за магазинот „People“ изјавил дека познатата манекенка се чувствува удобно во друштво на поранешниот сопруг, а нејзините чувства кон него станале поинтензивни.
Тие двајца неодамна биле фотографирани додека шетаат по улиците на Њујорк, што дополнително ги потврдува изјавите на неименуваниот извор. Тој објаснил дека Ирина, како и Бредли Купер, долго време се без партнер, а таа дистанца од гледање со други луѓе ги зближила поранешните сопружници.
„Ирина е многу среќна што може да поминува време со Бредли. Таа многу го сака”, рекол тој и додал дека манекенката би сакала повторно да бидат заедно.
„Ирина сака да го гледа Бредли како поминува време со нивната ќерка. Тој е прекрасен татко”, изјавил изворот за „People” и продолжил: „Таа би сакала тие повторно да бидат заедно”.
Не е тајна дека манекенката сака уште едно дете, а извор близок до споменатиот магазин тврди дека Ирина „би сакала нејзината ќерка да има брат или сестра“, а Бредли немал ништо против таа идеја.
Ниту едниот, ниту другиот се уште не објавиле ништо за овие наводи на магазинот „People“.
Извор: b92