Скоро една година откако и била дијагностицирана мултиплекс склероза, актерката Селма Блер изјави дека и снемува опции за да ја олесни болката и телесниот хендикеп заради нејзината состојба.
„Средствата за ублажување на симтомите не помогнаа, и јас се чувствувам полошо и полошо“, изјавила таа на панелот за здравство во Њујорк, организиран од „Тајм 100“.
„Средствата за ублажување на симтомите не помогнаа, и јас се чувствувам полошо и полошо“, изјавила таа на панелот за здравство во Њујорк, организиран од „Тајм 100“.

Во потрагата по опции, била советувана да изврши трансплантација на матични клетки, како и агресивна хемотерапија за да ги обнови своите клетки.
„Реков дека не сакам да го сторам тоа затоа што не сакав да го уништам моето тело. Зошто би го вбризгувала тој ужасен лек, хемотерапија во моето тело? Па, немам карцином“, рекла Селма Блер, која подоцна земала помала доза хемотерапија пред да и пресадат матични клетки.
Таа додала дека веднаш почувствувала олеснување.

“Лекарите сепак ми кажаа да правам планови за мојата смрт. Му го пренесов тоа на мојот син, кој ми рече дека сака да бидам кремирана”, рекла актерката, пренесува „Пипл“ (People).
Таа вели дека сега чека да и порасне нејзината коса која опаднала поради хемотерапијата, но дека тоа не ја загрижува многу.
„За мене е важно само да бидам што е можно подолго со мојот син“, заклучила таа.