Маја Кикириткова ја претстави својата најнова колекција Есен/Зима

Колекцијата на Маја Кикириткова е инспирирана од природата

 Маја Кикириткова, нашата позната дизајнерка ја претстави својата нова колекција. Колекцијата за оваа сезона есен/зима е поделена во два сегменти или во две сезони, есенска и зимска колекција.Есенската колекција е инспирирана од природата и е поделена во пет сегменти. Во првиот сегмент е застапен животинскиот дезен, во комбинација со еко кожа, вториот е песочен каде преовладуваат земјените тонови. Третиот сегмент е златно-зелен, четвртиот безвременски каде преовладува црната боја и петиот и последен е сиво-син.


 


Приказната за целата колекција на Маја Кикириткова е спојување на овие пет сегменти, каде што животните во есен чекорат по песок и златно-жолти лисја, црно како неизбежен дел и евергрин засекогаш и сиво-плаво асоцијација на небото. Кога се гледа целата колекција во целина можеме да погледнеме еден пејсаж на есенска убавина надополнета со животински свет. Целата колекција е надополнета со златни детали, како копчиња, патенти и токи. Како и досега повторно е задржан моментот на “оуверсајз” парчиња облека.

Погледнете ја колекцијата на Маја Кикириткова.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …