Холивудскиот пар овие денови, после долго време, покажал како за нив изгледа семеен одмор и колку уживаат во родителската улога откако во април минатата година ја добија ќерката Леа де Сеин.
Рускиот супермодел, Ирина Шајк, и актерската ѕвезда Бредли Купер пред девет месец станаа горди родители на малечкото девојче кое многумина бргу потоа го нарекоа и’ најубаво дете во Холивуд.
Иако оттогаш ретко сме ги гледале на собир, а малечката Леа де Сеин се обидувале да ја скријат од секогаш љубопитните погледи на новинаарите, овие денови не успеале да се скријат од папараци фотографите кои ги сликле за време на семејниот излет во Сансет Бич во Лос Ангелес.
Во опуштено издание и видно расположени и’ Бредли и’ Ирина не криеле колку уживаат во родителската улога, а русокосото девојче делувало многу заиграно.
Грижливиот татко не ја испуштал ќеркичката од поглед и покажал дека извонредно умее со пелените, но и хранење на својата миленичка. Згодната манекенка со гордост го набљудувала својот долгогодишен партнер, а потоа убавото семеество после неколку часови минати на сонце и покрај океанот се вратил дома.
Згодниот 43. годишен глумец се погрижил за Леа, додека Ирина ги собирала сите детски играчки и во ваков кежуал стајлинг изгледала сензационално.