(ФОТО Галерија) Неверојатна приказна: Била во врска со ученик (12), завршила во затвор, па му родила деца…И’, уште се заедно!

Мери Кеј Летурно била наставничка во шесто оделение во Сиетл кога е уапсена поради силување малолетник. Медиумите во таа 1997. година пишувале само за наставничката од едно американско основно училиште, а јавноста била изненадена кога, по излегувањето од затвор, ја продолжила врската со детето кое го силувала. Повторно е уапсена а за време на престојот во затвор му родила две ќерки. Иако двојката претходните години имала проблеми, одлучиле сепак да не се разведат. Ова е нивната приказна…



Мери Кеј Летурно во 1997. година била осудена на шест месеци, три месеци условно и три во затвор кога во текот на судењето се изјаснила дека е виновна за силувањето на 12. годишниот ученик Вил Фуалу. Тогаш имала 34. години.
Таа го запознала Фуалу кога имал само осум години, а четири години подоцна со него имала сексуални односи.
„Да ми кажеше некој дека има закон кој тоа го забранува…Не го знаев тоа. Секој пат тоа го повторувам“, рекла таа.
Фуалу рекол дека во текот на летото, кога наполнил 12. години, почнал да и се додворува на својата учителка…


„Се сеќавам дека беше многу убава“, раскажал тој, пренесува „Дејли њуз“.
Нивната врска ја открил нејзинит сопруг Стив Летурно, кога во една пригода нашол љубовно писмо коа Фуалу и го напишал на својата наставничка. Одлучил случајот да го пријави во полиција, па тогаш таа и’ била уапсена. Мери тогаш веќе била бремена, носела дете на Вил.
Судењето сеуште траело кога му родила ќерка. После судењето добила забрана на приоѓање на Вил.
Само две недели подоцна, откако излегла од затвор, Летурно била повторно уапсена бидејќи била фатена како има секс со Вил, во автомобил. Зад решетките се нашла бидејќи ја прекршила условната казна која предвидувала дека не смее да има контакт со Фуалу.
Во март 1998. година се родила нивната втора ќерка.

Мери Кеј Летурно во затвор била до 2004. година, а по излегувањето Вил барал да се укине забраната за приоѓање и парот се венчал веќе наредната година. Вил тогаш имал 21. година.
Таа сега има 55., а Фуалу 33. години и одлучиле сепак да не се разведат. Пријатели на парот велат дека таа отсекогаш се надевала дека Фуалу нема да се разведе од неа…
„Повторно се заедно. Ја надминаа кризата во која западнаа минатата година. Требало само малку да се оддалечат и да сфатат колку си значат еден на друг. Секако, сеуште имаат проблеми, токму како и секоја двојка, но полека ги решаваат“, рекол неименуван извор за „Пипл“.
Нивните ќерки сега се возрасни и велат дека за време на нивното растење немало никаков скандал кој ги следел нивните родители. Одри (21) и Џорџија (10) рекла дека со време се навикнале да живеат во таква средина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …