За оваа пригода Меган облекла комбинација од марката Safiyaa. Црно долго здолниште, кое чини скоро 600. долари и блуза од 900. долари
Минале веќе шест месеци откако војвотката Меган Маркл (37) и принцот Хари (34) го рекле судбоносното „Да“, а парот одлучил тој ден да го минат сами, додека вечерта се упатиле на музичкиот фестивал Royal Variety Performance во Лондон.
Ова е првпат Меган да се појавила на овој настан, додека принцот Хари бил еднаш во 2015. година.Тогаш пееле Лејди Гага (32) и Елтон Џон (71).
На фестивалот оваа година настапиле „Take That“, Џорџ Езра (25), „Clean Bandit“, „The Tina Turner Musical“, Андреа (60) и Матео Бочели (21), а програмата ја водел Грег Дејвис (50).
Меган и Хари се запозале со некои од изведувачите, а во текот на разговорот со нив војвотката се држела за стомачето кое сега е невозможно да се скрие. Меган Маркл би требало да се породи кон крајот на март или почетокот на април.
За оваа пригода Меган облекла комбинација од марката Safiyaa. Црно долго здолниште, кое чини скоро 600. долари и блуза од 900. долари
Младата обожавателка Дарси-Реј Моус (7) ја поздравила Меган и и’ дала букет цвеќе.