Фестивалот „Киненова” ја најавува тридневната програма во која ќе бидете во можност да проследите три фантастични филмови на enfant terrible на турската кинематографија, независниот режисер Зеки Демиркубуз, кој на годинашното, трето издание на фестивалот беше специјален гостин и претседател на меѓународното жири.
Од среда до петок (21-23 ноември) во централниот термин во киното „Милениум”, од 20 часот, ќе бидете во можност да погледнете три негови наградувани филмови, некои репризно, кои веќе беа прикажани на фестивалот, а дел од нив и премиерно, бидејќи беа дел од фестивалската програма, но поради технички проблеми во „Милениум”, за жал, не бевме во можност да ги прикажеме.
Среда, 21 ноември, 20:00
Третата страница/The Third Page by Zeki Demirkubuz
Четврток, 22 ноември, 20:00
Внатре/Inside by Zeki Demirkubuz
Петок, 23 ноември, 20:00
Невиност/ Innocence” by Zeki Demirkubuz
Третата страница (ÜÇÜNCÜ SAYFA/The Third page)
Турција (Turkey)/1999/92′
Сценарио и режија (Written and Directed by): Зеки Демиркубуз (Zeki Demirkubuz)
Улоги (Cast): Башак Коклукаја (Basak Köklükaya), Рухи Сари (Ruhi Sari), Ерол Бабаоглу (Erol Babaoglu)
Иса, статист во филмски продукции, е обвинет за кражба од педесет долари во област која е опколена со мафија. Како резултат, тој е ужасно претепан и му е дадена можноста да ги врати парите за 24 часа. Наместо парите, тој наоѓа пиштол. Се одлучува да изврши самоубиство. Во моментот кога тргнува да го повлече чкрапалото, ѕвончето на влезната врата заѕвонува.