Британското кралско семејство има моќ, престиж и секако – пари. Од огромните залихи нафта до значајните добротворни донации, богатството на кралското семејство е особено големо. Изненадувачки е што поголемиот дел од парите кои се користат за финансирање на британската монархија не потекнуваат од даночните обврзници – сите тие имаат свој имот, а во овој текст ќе дознаете колкава е нето-вредноста на секој член.
Меган Маркл околу 4,5 милиони евра
Со недели пред свадбата на Меган и принцот Хари се погодуваше вреди ли, тогаш американската актерка, всушност, повеќе од својот партнер. Не – но имала голема нето-вредност кога влегла во кралското семејство, односно околу 4 и пол милиони евра.
Кејт Мидлтон од околу 6, 3 до 9 милиони евра
И’ пред да стане член на кралското семејство Кејт била богата. Нејзиното семејство е сопственик на голем имот со колективна нето-вредност од 50. милиони долари. Исто така, принцот Чарлс ги покрива трошоците на службениот персонал и за гардероба, а дел од патните трошоци на принцезата често ги финансираат земјите што ги посетува, што значи дека поголемиот дел од личните пари војвотката ги чува во банка. Иако нејзината нето-тежина е меѓу 6. и 9. милиони евра, нејзината севкупна вредност со останатите приходи и имоти е многу поголема.
Принцот Филип околу 26,7 милиони евра
Иако никогаш не ја презема титулата крал поради строгите кралски прописи, тој е член на кралското семејство, а неговата нето-вредност се проценува на околу 27. милиони евра, пишува „Riders Digist“. Тој е пензиониран од кралските должности, но се уште прима годишен ануитет од Парламентот во висина од околу 433. илјади евра само поради титулата. Според официјалните документи на британската влада, принцот Филип „се уште побарува канцелариска поддршка за службените должности кои не се јавни“.
Принцовите Хари и Вилијам по околу 36 милиони евра
Според „Town&Country“ принцот Вилијам и неговиот помлад брат Хари поголемиот дел од богатството го добиле на 30.тиот роденден преку наследство – околу 11,5 милиони евра и имот од нивната мајка, принцезата Дајана. Сите останати приходи надвор од наследството на секој од нив им носат нето-вредност од околу 35. милиони и 600. илјади евра.
Принцот Чарлс околу 72 милиони евра
Како следниот кој треба да ја понесе круната, принцот Чарлс е само едно место под кралицата Елизабета по нето-вредноста, а таа изнесува околу 72 милиони евра. Според Си-ен-ен, добар дел од средствата се од војводството Корнвол, приватен имот што го поседува и управува со земјиште во рурални и урбани подрачја, како и на разни острови и викендички во Велс и Корнвол.
Кралицата Елизабета околу 493 милиони евра
Бидејќи кралицата Елизабета остварува приходи од разни страни, нејзината нето-вредност се проценува на околу 493. милиони евра. Сепак, најголемиот дел од нејзиното богатство е во имоти, недвижности, предмети, облека и накит, пишува „Ридерс дајџест“. Кралицата, исто така, има и приватни збирки вреден мебел и накит, кои Форбс ги проценува на околу 110. милиони долари.
Принцот Џорџ и принцезата Шарлот околу 3,2 милијарди и 4,5 милијари евра
Очигледно, да се биде дете во кралското семејство вреди најмногу. Принцот Џорџ се проценува на нето-вредност од 3,196 милијарди евра, а принцезата Шарлот од неверојатни 4 и пол милијарди евра. Причината за неверојатно високата вредност на принцезата Шарлот во голема мера е последица на нејзиното модно влијание, водејќи се по мајка си, модно освестеното девојче го следат љубителите на модата во земјата но и светот.
Извор:index.hr
Фото: Instagram