(ФОТО) Експлозија во автобус во Белград – има повредени, на улиците траги од крв

Во автобус на градскиот превоз во Белград нешто пред 11. часот дошло до експлозија, поради што многу лица се повредени, јавува Telegraf.


Фотографиите од терен се драматични – дел од возилото е уништен а на улиците се гледа крв.



Според последните информации од терен, експлодирал компресорот за воздух кој се наоѓал пред предната врата, а повредени се пет лица. Телеграф дознава дека се повредени шет жени на возраст од 58. до 77. години. Во автобусот била и мајка со двомесечно бебе.


„Немаме никакви конкретни информации но три наши екипи се испратени на терен“, рекле од Брзата помош.



Несреќата се случила во Улица на незнаен јунак, пред бројот 6.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светата великомаченичка Ирина

Светата великомаченичка Ирина Живееше во апостолските времиња на Балканот во некој град Магедон, каде што …