(ФОТО) ЕДИНСТВЕНО БЕБЕ – МАЛЕЧКИОТ САША Е САМ НА СВЕТОТ И ЧЕКА ДОБРИ ЛУЃЕ ДА ГО УСВОЈАТ: На светот постојат уште само 2. такви бебиња а мајка му се откажала од него штом го родила!

Во Томск, Русија, во април годинава, малечкиот Александар К, или Саша, како што го нарекуваат, се родил со многу редок хендикеп: тој е едно од трите бебиња во светот, родено без очни јаболчиња.

Бидејќи тој едноставно нема органи за вид, шестмесечниот Сашенка никогаш нема да може да гледа. Се верува дека детето страда од екстремна форма на реткиот анофталмичен синдром SOKS2 кој погодува едно бебе во четвртина од милион.


Мајката на Саша е девојка која и самата пораснала во сиропиталиште каде што сега е нејзиниот син. Таа дознала за хендикепот на момчето додека била бремена, но сепак решила да го роди. Сепак, таа морала да се откаже од него затоа што не можела да му ја обезбеди потребната грижа. Нема информации за таткото, а во неговиот извод, каде требало да биде името на таткото, стоела само цртичка.
Во сиропиталиштето велат дека Сашенка е среќно и мирно бебе. Тоа се насмевнува кога слуша познати гласови. Се насмевнува штом ќе чуе познати гласови и комуницира како и секое друго бебе.
Покрај тоа што нема органи за вид, лекарите велат дека малечкиот Саша е уникатен по тоа што е целосно здрав. Обично, бебињата родени со тежок хендикеп имаат и други здравствени проблеми, но ова дете има само две бенигни цисти на челото, кои наскоро ќе бидат отстранети. Инаку тој е доста здрав.
На малечкиот неодамна во Санкт Петербург му биле всадени вештачки очни јаболки за да се спречи лицето да се деформира како што расте. Ваквите операции ќе треба редовно да се прават бидејќи окото расте како и другите делови на телото.
„Саша минува низ сите редовни прегледи и тестови како и секое друго бебе на негова возраст. Тој добро се развива“, вели Татјана Рудниковиќ, доктор од Томск, додавајќи дека малечкиот дете е подготвен за посвојување или згрижување.
Предност во усвојувањето ќе имаат родители од Русија, а подоцна, доколку нема заинтересирани и од другите делови на светот, но има ограничувања кога станува збор за усвојувачи од Соединетите држави.
Екран.мк/Eg.ru

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„NEW ERA” – Концерт на Никола Мицевски вечерва во Public Room

Вечерва со почеток во 21:00 часот во Public Room во Скопје, ќе може да го …