(ФОТО) Џоли го одбила новиот предлог на Бред Пит!

„Тој се обидува да ја купи Ангелина. Откако лани го испитуваа поради злоставување на синот и откако признал дека има проблеми со алкохолот, нема што да загуби“ тврди извор близок до бившата двојка.
Наводно, Бред Пит (53) и понудил на Ангелина Џоли (42) да земе половина од неговото богатство кое се проценува на повеќе од 250. милиони долари, но таа не сакала да слушне. Наводно, Ангелина и понатаму инсистирала Бред со нивните шест деца да минува помалку време.
„Тој се обидува да ја купи Ангелина. Откако лани го испитуваа поради злоставување на синот и откако признал дека има проблеми со алкохолот, нема што да загуби“ тврди извор близок до бившата двојка.Тој додал и дека на Бред приоритет му се децата, со кои сака да минува повеќе време.
„Бред и Ангелина, годишно, на телохранители за децата трошат милион долари. Бред и понатаму сака да учествува во тој трошок“ вели пријател на двојката. Додал и дека глумецот сакал Ангелина и понатаму да се бави со хуманитарна работа без да се грижи за финансиите.
Бред и Ангелина во септември, минатата година, објавиле дека се разведуваат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …