Иако тоа звучи нереално, некои ѕвезди апстинирале пред да им кажат „Да“ на своите партнери. Од друга страна, некои кои имале сексуални односи, одлучиле партнерите „да чекаат“…
Мараја Кери
Апстинирала со бившиот свршеник Џејмс Пакер, а тоа го направила и со бившиот сопруг Ник Канон.
„Ник и јас веруваме во исти работи па заклучивме дека ќе почекаме со сексот се’ додека не се венчаме“ рекла Мараја.
Али Лендри
Во 1996. година станала „Мис на Америка“, а признала дека со сопругот Алејандро Монтеверде немала секс се’ до венчавката во април во 2006. година.
Џесика Симпсон
Поради своите баптистички верувања одлучила да остане девица. Прв пат имала секс на 22. години со својот тогашен сопруг Ник Лешби. Се развеле после четири години брак.
Адриана Лима
Бразилската манекенка изјавил дека немала секс пред бракот. Тогаш открила дека сакала да се чува за оној вистинскиот. Три години подоцна се омажила за Марко Јариќ и со него добила две ќерки. Се развеле минатата година.
Тина Феј
Комичарката раскажала дека секс првпат имала на 24. години и тоа со сегашниот сопруг Џефри Ричмонд. Се воздржувала бидејќи сакала да го пронајде мажот на својот живот и со него да ја загуби невиноста.
Киара
Со ѕвездата на Seattle Seahawks пејачката одлучила да живее во предбрачна чистотија. Киара (31) пред тоа била во брак со раперот Футуре со кого има син, а се разделиле поради неговото неверство.