Веста дека американскиот претседател Џо Бајден неодамна клекнал и собрал глуварче на тревникот пред Белата куќа, кога се подготвувале на пат, а потоа и го дал на сопругата Џил, го обиколи светот.
Заедно со тој убав гест, многумина ги забележаа и специјалните потпетици на американската прва дама, пишува на сајтот Zadovoljna.hr.
View this post on Instagram
Џил Бајден носела светлосин фустан изработен од материјал со малку врежана цветна шема и украсен со лимонски мотиви со лисја.
Џил прекрасната пролетна креација на модната куќа Оскар де ла Рента ја комбинирала со малку повеќе жолта боја, со салонки од брусена кожа со висока тенка потпетица.
Салонките се едни од најпопуларните модели на потпетици кои жените ги обожаваат, а секоја љубителка на високи потпетици мора да има барем еден пар добри салонки во плакарот за чевли.
View this post on Instagram
Сепак, дури и овие високи потпетици, кои се уште попривлечни заради жолтата боја, не го засенија многу слаткиот и толку едноставен гест на Џо Бајден, доволен да ја искаже љубовта кон жената.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram