(ФОТО) ЧУДО ОД ДЕТЕ: Наполнил 12. години па за време на пандемијата ЗАВРШИЛ средно училиште и две години на факултет


Коронавирусот му ги отворил очите, сфатил дека повеќе нема време за губење
Мајк Вимер (12) од Северна Каролина го искористил своето слободно време за време на пандемијата за да се запише на дополнителни часови. Според Си-Ен-Ен, тој оваа недела ќе заврши средно училиште и двегодишна програма на факултетот.
Набргу по запишувањето на дополнителни часови, Вимер успешно го совладал материјалот од четири години основно училиште, две години средно училиште и факултетска проиграма што трае две години.

На крајот на мај оваа година, тој ќе дипломира на колеџот Rowan-Cabarrus Community!
Дванаесетгодишното момче истакнало дека пред една година сфатил дека темпото со кое работи е многу бавно и чувствува дека може да преземе повеќе одговорности. Во интервју за Си-Ен-Ен, тој рекол дека ужива да учи математика, програмирање и природни науки.


На прашањето што планира да направи по дипломирањето, Вимер одговорил дека има неколку опции. Може да се вработи, да го продолжи образованието или да започне да работи на сопствен бизнис.

Фото: Принтскрин/Youtube/Worldwide engineering

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиерна изведба на театарската претстава „Деца на светот“ – Тажна Комедија која ја обработува емотивната тема за децата кои заминале во светот и нема да се вратат никогаш

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во Театарот „Антон Панов“ во Струмица, премиерно ќе биде …