(ФОТО) Џенифер Лопез и Бен Афлек блескале од среќа на црвениот тепих: Пејачката носела интересна кафеава комбинација

Џенифер Лопез и Бен Афлек синоќа биле на премиерата на нов филм.
Премиерата на филмот во кој Бен Афлек игра една од главните улоги се одржа синоќа во Њујорк. Станува збор за историската драма, „Последниот дуел“. Очекувано, Бен дошол „рака под рака“ со својата девојка Џенифер Лопез.


View this post on Instagram

A post shared by Jlo Greece (@_jlo.gr_)


Џенифер (52) ги собрала сите погледи кога одела на црвениот тепих во интересна комбинација.


Пејачката и актерката за премиерата носеала комбинација од златна и кафеава боја. Таа спарила долго здолниште со висок шлиц на страна и кратка ролка со долги ракави.

Дел од косата врзала во тесно „опавче“, а со комбинација на здолниште и кратката ролка, таа спарила ташна со животински принт.

Додека беа на црвениот тепих, Џенифер и Бен не можеле а да не разменат барем еден бакнеж.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …